Google Chrome крие низа функции што не се непосредно достапни за сите затоа што сè уште се во фаза на развој и тестирање. Но, тоа не е причина да не испробате барем неколку од нив.

До експерименталните поставки, наречени flags, можете да дојдете ако во лентата за адресата напишете chrome://flags.

Пред да започнете да експериментирате, треба да ве потсетиме дека ова не се конечни производи, па би можеле да имате проблем со нивното користење или може некои да не ви се достапни.

Таен систем на ознаки во Chrome (bookmarks)

Во пребарувачот во Chrome пронајдете го соодветниот flag со притискање на Ctrl и F на Windows, односно Command и F на Mac.

Внесете New bookmark app system во пребарувачот, кликнете на паѓачкото мени и изберете Enabled. За да ја вклучите функцијата кликнете Relaunch Now.

Потоа отворете ја веб-страницата која сакате да ја снимите и кликнете на сликичката на менито со три хоризонтални црти. Отворете More Tools, изберете Add to applications, доделете и име на ознаката и кликнете OK. Тоа ознаката ќе ја сними како да е апликација.

Скриен преглед преку целиот екран 

Во пребарувачот во Chrome nапишете Simplified Fullscreen. Кликнете на паѓачкото мени и изберете Enable, а потоа Relaunch Now. Отсега интерфејсот ќе биде значително поедноставен кога ќе гледате видео на целиот екран.

Затворајте ги табовите побрзо од било кога

Можете во пребарувачот да напишете и Fast Tab/Windows Close. Потоа кликнете Enable. Отсега табовите и отворените прозорци ќе се затвораат веднаш штом ќе кликнете на Х.

Извор: Tportal.hr