Чешкиот производител „Шкода“ на Саемот за автомобили во Женева ја претстави иднината на автомобилскиот свет. Имено, овој автомобилски производител првпат презентира возило со CNG (компресиран природен гас), бензин и електричен погон. Новиот СУВ-дизајнерски јазик, Skoda Vision X, исто така има нов конфигуриран хибриден систем. Особено одржливиот погонски концепт со комбинација на CNG/електричен мотор обезбедува спонтана испорака на енергија, зголемена агилност и ниски емисии на јаглероден диоксид од 89 грама на километар. Vision X се движи со погон на предни, задни или четири тркала по потреба.

„Во ‘Шкода ауто’ развојот и подготовките за мобилноста на иднината се во полн замав“, вели Кристијан Струбе, член на одборот за технички развој на „Шкода ауто“. „Со хибридниот концепт Skoda Vision X отвораме поглед кон иднината на нашите модели. CNG-возилата се чисти и евтини. Покрај тоа, со хибридот нашите клиенти може да искусат возење со нулта емисија“, додава тој.

Исклучително одржливиот концепт на урбаниот кросовер на FlexGreen е нагласен со импресивна комбинација на CNG (компресиран природен гас), бензински мотори и двата електрични мотора.

Моторот со внатрешно согорување е 1,5-литарски TSI G-TEC четирицилиндричен турбомотор, специјално дизајниран за употреба со CNG (компресиран природен гас). Уредот CNG произведува максимална моќност од 96 kW (130 hp) и максимален вртежен момент од 250 Nm. Еден CNG-резервоар се наоѓа под задното седиште, а вториот е позициониран зад задната оска. CNG-единицата ја движи предната оска, електричниот мотор ја придвижува задната оска, која се активира доколку е потребно – за да се вклучи дополнителна моќност при стартување или да се подобри влечната сила на мазните површини и надвор од патот.

Vision X е првото возило со погон на сите тркала на „Шкода“ без карданско вратило. Ова има јасни придобивки: помалата тежина автоматски значи помала потрошувачка. Освен тоа, електричниот мотор стартува само кога е потребно. Два електрични мотора го поддржуваат CNG-погонот. Уредот со погон на четири тркала се состои од мотор со внатрешно согорување опремен со еден од двата електрични мотора – генератор за стартен погон (BSG) и вториот електричен мотор на задната оска, напојуван со 48-волтна литиум-јонска батерија. Благодарение на обновувањето, литиум-јонската батерија се полни за време на возењето. Во текот на сопирањето и движењето во неутрална брзина vision X ја претвора кинетичката енергија во електрична и подоцна ја користи оваа енергија за возење. Максималниот вртежен момент од 70 Nm е достапен од застој, значително интензивирајќи ја спонтаноста при стартување и агилноста при кратки забрзувања. Предностите на батериите за полнење вклучуваат мала тежина, поголем капацитет и прифатлива цена.

Концептот се движи со погон на предни, задни или четири тркала по потреба. Задниот погон носи 1.000 Nm до патот, а моделот има опсег до 650 километри благодарение на дополнителниот резервоар за гориво. Перформансите на системот на двете погонски единици овозможуваат Skoda Vision X да забрза од 0 до 100 километри на час за 9,3 секунди, со максимална брзина од 200 километри на час.

Стратегија за електромобилност

Електромобилност игра клучна улога во глобалната стратегија за раст на „Шкода ауто“. Електрификацијата на моделите на „Шкода ауто“ ќе почне во 2019 година со воведувањето на „шкода суперб“ со plug-in хибриден погон. Во прилог на производството на електрични автомобили фабриката во Млада Болеслав исто така ќе произведува електрични компоненти за plug-in хибридни модели на неколку брендови на „Фолксваген груп“ од 2019 година па натаму. Првото комплетно електрично возило „шкода“ ќе следува набргу потоа. До 2025 година брендот ќе го прошири својот асортиман на хибридни и батериски погони на моделите во разни сегменти.