Две лица пријавиле дека биле измамени од женско лице кое преку социјалната мрежа Facebook им ветило дека ќе им обезбеди тримесечна работа во Германија.

Од двете лица било побарано да уплатат по 2 700 денари и уште по 12 300 денари за договорите за работа, а авионските билети сами да ги купат. Пријавителите аплицирале и ги уплатиле средствата, откако наводно им биле одобрени апликациите, но непосредно пред да заминат во Германија, на 11 минатиот месец од пријавената добиле СМС-порака дека не ќе можат да заминат, а потоа не им се јавувала повеќе, ниту им ги вратила уплатените средства.