Ладењето на домовите ќе стане сè поголем предизвик за човештвото како што ќе се зголемуваат температурите поради глобалното затоплување. Вакви резултати покажа најновата студијата на организацијата „Одржлива енергија за сите“.

Во исто време над 1 милијарда луѓе во светот, главно во Азија, Африка и Јужна Америка, ќе се соочуваат со потешкотии за да ги изладат своите домови, да ја чуваат храната и лековите.

Здравствените експерти на ОН предупредуваат дека во периодот меѓу 2030 година и 2050 година ќе има дополнително над 38.000 луѓе кои годишно ќе ги губат своите животи како резултат на глобалното затоплување. Ројтерс потсетува дека овој мај, 60 лица починаа во Карачи, откако температурите скокна над 40 степени. Најзагрозените земји се Индија, Кина, Мозамбик, Судан, Нигерија, Бразил, Пакистан, Индонезија и Бангладеш.

Од извештајот станува јасно дека зголемената потрошувачка на разладни уреди исто така ќе ги ограничи обидите да се премине на чиста енергија и затворање на централите со фосилни горива, и така да се подобри ситуацијата со глобалното затоплување.