Научниците нашле Гренланд ајкула за која тврдат дека е најстарото суштество на Земјата.

Се претпоставува дека ајкулата има 512 години, што значи дека се родила пред Шекспир, а моментално живее во водите на Северниот Леден Океан каде била лоцирана.

Научниците кои ја ааналиирале претпоставуваат дека ајкулата била родена во 1505 година.

Гренланд ајкулите живеат во води со просечна температура од -1 до 10 степени Целзиусови и може да пливаат на длабочина до 2.200 метри, а тешки се околу еден тон.

Оваа е најстарата од 28 анализирани Гренланд ајкули кои во просек живеат по 400 години и животот го поминуваат во пливање и барање партнер.