Бројот на повреди укажува на потенцијалните опасности од користењето на електричните тротинети на тротоарите.

Од почетокот на модата наречена електричен тротинет, од крајот на 2017 година, повеќе од 1.500 луѓе во САД доживеале повреда при негово користење, а четворица го загубиле својот живот, се вели во истражувањето на Consumer Reports.

Услугата изнајмување на електричен тротинет за кратки релации беше фалена како потенцијална револуција во градскиот превоз, но бројот на повреди укажува на потенцијалните опасности на нивно користење на пешачки зони и тротоарите.

Consumer Reports наведува дека возачите на електрични скутери најчесто во болница се третирани поради контузии, скршеници на нос, раце и други повреди, од кои за некои била потребна и хируршка интервенција.

Компаниите кои изнајмуваат електрични скутери укажуваат на потребата од носење кациги, но во САД не постојат прописи за задолжително носење.

Здравствените експерти укажуваат дека бројот на повредени возачи на електрични тротинети може да биде повисока, но болниците немаат стандардизиран метод за следење на повреди на овие возачи.

Електричните тротинети се нов ветувачки вид на транспорт, но безбедноста мора да биде на прво место, заклучува Вилијам Валас, аналитичар во Consumer Reports.

Извор: Zimo.hr