Во мај, Samsung ги објави своите нови паметни телефони Galaxy J4 и Galaxy J6.
Подоцна, во Индија се појави ре-брендирана верзија на Galaxy J6, која беше претставена како Galaxy On6. Според XDA Developers, наскоро ќе го видиме Galaxy J6 Plus LTE.
Ова станува јасно од истечен во Интернер просторот фирмвер на уредот, кој споменува „Samsung J6-Plus LTE CIS SER“.
Во случајот, CIS најверојатно значи територија на поранешниот Советски Сојуз, а SER е насочено кон Србија.
Според софтверот, телефонот има Snapdragon 450 процесор, 5,6-инчен AMOLED екран со резолуција од 1480 x 720 пиксели, двојна задна камера и 4350 mAh батерија.
Засега, нема повеќе податоци околу телефонот, неговата премиера и можна цена.