Како што веќе сугерираа некои информации од претходно, Samsung наводно работи на наследник на Galaxy S10 Lite телефонот, кој би можел да биде претставен во текот на октомври оваа година. Меѓутоа, неодамнешен Geekbench листинг сугерира дека смартфонот би можел да биде поблизок до објава отколку што се очекуваше.

Првобитно се споменуваше дека Galaxy S20 Lite ќе го користи Snapdragon 865 чипсет на Qualcomm со Samsung One UI 2.5 кориснички интерфејс, а Geekbench сега ги потврдува овие наводи.

Осмојадрениот „Кона“ чипсет има работен такт од 1.8GHz и веројатно е во прашање споменатиот Snapdragon 865, а спарен е со 6GB RAM. Бројот на модел на телефонот е SM-G781B, што се поклопува со претходните извештаи и сугерира дека B во ознаката претставува одреден регион.