Сензорите за отпечатоци од прсти се многу популарен начин за биометриско препознавање на корисникот на мобилните уреди.

Меѓутоа, група на научници од Јужна Кореја разви флексибилен и провиден сензор за отпечатоци на прсти наменет за мобилните уреди, кој што може да биде сместен под екранот и покрај тоа што ќе ги отчитува отпечатоците, тој истовремено и ќе ја мери температурата со цел да провери дали навистина станува збор за човек.

Сензорот е производ на работата на научниците на Samsung Display-UNIST, центар на Улсан националниот инситут за наука и технологија во Јужна Кореја.

Според истражувачката работа објавена во научниот магазин “Nature Communications”, сензорот кој што го развил јужнокорејскиот тим „може да се интегрира со сите транспарентни облици на сензори за притисок и сензори за мерење на температурата на кожата со цел да се овозможи детекција на прст на екранот“, а сето тоа дури и ги задоволувало безбедносните стандарди на американски ФБИ.

Сепак, како што појаснија научниците, луѓето не треба да очекуваат овој сензор да ја мери и да им ја покаже точната температура на нивното тело.

Сензорот за температура е развиен само да ја открие температурата на човечката кожа со цел да се утврди дали станува збор за некаква измама, користење на лажна рака или вештачки отпечаток на прст.