За време на сложена операција на мозокот на 13-годишно девојче од рускиот град Тјумен, лекарите од Федералниот центар за неврохирургија вo Тјумен биле приморани да ја исклучат сета опрема. Причина – хакерски напад!

Станува збор за хакерски напад со вирусот Purgen, кој ги приморал лекарите да останат без потребната електроника во текот на една од најсложените операции на главата. Овој настан беше искористен како главна тема за дебата на Меѓународниот конгрес за сајбер безбедност кој се одржува оваа недела во Русија.

„Во средината на оваа исклучително сложена операција, центарот претрпе клинички сајбер напад, и сите компјутерски системи и сите уреди кои ја придружуваат работата биле прекинати“, изјави Герман Греф, говорејќи на Меѓународниот конгрес за сајбер безбедност.

Според раководителот на конресот, лекарите не ги загубиле главите и успеале успешно да ја завршат операцијата практично без да ги користат напредните инструменти. Идентитетот на напаѓачите сè уште не е откриен