Научниците го набљудуваат вулканот 24/7, особено како што тој сега влегува во третиот месец од почетокот на ерупциите. Овој тип на наљбудување овозможува безбедност за луѓето кои живеат во непосредна близина. Исто така, ова е и шанса да се следи процесот на ерупција во сегашно време со сегашна технологија.

Како што магматa во кратерот на врвот на Килауеа, наречен Халемаумау, продолжува да излегува и да се движи кон долната источна зона на подножјето, кратерот станува сè понестабилен.

Геолошката служба на САД забележа чести падови во кратерот од средината на мај; секој колапс предизвикува мала експлозија. Една од најголемите експлозии се случи на 30 јуни, кога циклус на колапс-експлозија ispusti енергија што е еквивалентна на земјотрес со јачина од 5.3 степени.

Облак од вулкански чад и пепел го обележа тој колапс, no најдобриот дел од пиротехниката се случува заедно со речиси дваесетина напукнатини, отвори низ кои лавата избива, во долниот источен предел.

Фонтани од лава од две пукнатини се одговорни скоро за сите поголеми текови на лава кои сега веќе се вливаат во океанот и испуштаат отровни гасови.