Ако вашиот лаптоп или телефон почнуваат да стануваат жешки после неколку часа играње тоа значи дека си ја завршуваат својата работа како што треба.

Носењето на температурата од електричните кола на компјутерите до надворешната средина е важно, бидејќи презагреани чипови прават уредите да работат по бавно, да замрзнуваат, па дури може да се нанеси и трајна штета.

Потршувачите нема никогаш да престанат да бараат побрзи и помоќни електронски уреди, но произведувачите дојдоа до крајната граница со денешната технологија.

Причината за тоа е што денешните уреди користат силиконски чипови кои неможат да издржат високи температура, но група на научници од Универзитетот на Далас произведија кристали од полу-спроводлив материјан наречен борон арсенид, овие кристали можат да издржат високи температури и лесно да ја пренесат топлината.

Научниците ја добија идеата од дијамантите, кои што можат да се користат во елктронските уреди но се одбегнуваат бидејќи дури и вештачките ќе ја зголемат цената на уредите за многу.

Овој кристал го заменува дијамантот во издржувањето на топлината, но исто така е и совршена замена за силикон во правењето на чипови. Тој е ефтин да се произведе како и практичен за користење во секаков тип на уреди.