Можеби изгледа како шега, но ова е многу сериозна приказна која покажува дека навистина сè може да се искористи, дури и отпадот кој само на нас ни е – отпад

Погледнете одблизу на страната од автомобилот на сликата и ќе разберете за што станува збор. Имено, ова се класични електрични автомобили, но тие не се снабдуваат со енергија од термоцентрали, нуклеарни централи, соларни централи… Компанијата Urban Utilities во Бризбејн сака да отвори нова голема енергетска приказна. Австралиската компанија избрала органска суровина како погон за својот прв SUV на електричен погон, а тоа е човечкиот измет! Во просек, секојдневните човечки навики можат да произведат доволно електрична енергија за автомобил да помине 450 метри. Потребни се 1000 такви посети на тоалетот за целосно полнење на батеријата на возилото. Станува збор за електрична Hyundai Kona којa има домет од 450 километри со едно полнење. Но, како точно функционира системот?

Електричната енергија за полнење на теренецот се произведува кога биогасот (метанот) од пречистената отпадна вода се доведува во комбинирана термоцентрала за пречистување на водата во близина на Бризбејн. Повеќе од 330.000 луѓе на југот и западот на Бризбејн помагаат да се создаде гориво секој пат кога одат во тоалет. Во последната година е произведено доволно електрична енергија за снабдување на скоро 4.000 домаќинства во текот на целата година.

Електричните автомобили што се напојуваат на овој начин, парадоксално, почисти неможе ни да бидат.

Извор: Додај Гас