Huawei продолжува да граби силно кон врвот на смартфон индустријата, овојпат со промовирање на нивниот прв модел со 8 GB RAM – Honor 10 GT. Неговиот претходник, Honor 10, имаше опции за 4 GB и 6 GB RAM.

Покрај дополнителната надградба на RAM меморијата, овој нов смартфон ќе ги има истите спецификации како обичниот Honor 10.

Honor 10 GT има 5,8-инчен дисплеј со резолуција од 2280 х 1080 пиксели и сензор за отпечатоци на копчето Home. На предниот дел има „notch“, токму на местото каде се наоѓа и 24-мегапикселниот селфи сензор. Доколку овој „notch“ не се најдеше таму, тогаш телефонот ќе имаше екран низ целата предна страна.

За разлика од многу други смартфони кои користат процесори на Qualcomm, Huawei Honor 10 GT има Kirin 970 процесор. Батеријата е моќна, 3.400 mAh, додека на задниот дел од телефонот се наоѓаат две камери – едната со 16, другата со 24 мегапиксели.

Овој модел би требало да биде пуштен во продажба кон крајот на месецот и засега не се знае можната цена, но тој веројатно ќе чини околу 400 долари, со оглед на тоа дека се очекува да биде поскап од неговиот претходник, Honor 10.