Веќе некое време кружат информации за тоа дека Samsung работи на телефон на преклоп. Овој ситлив телефон би требало да има екран кој ќе може да се свитка на половина, а на корисниците им е овозможено уредот да го користат како помал телефон или како поголем (како таблет).

Колку и да звучи оваа идеја интересно, постојат големи шанси крајниот производ да биде прилично скап. Според наводите на The Korea Times, гласините сугерираат дека овој смартфон на Samsung ќе чини 2000 долари.

Еден од можните причини за вака високата потенцијална цена на телефонот е што уредот би можел да биде лимитиран модел. Ова значи дека Samsung очекува производство на само помало количество телефони, поради што нема да може да ја достигне цената на моделите од масовното производство.

Во секој случај, споменатите наводи потребно е да се земат со резерва, додека Samsung официјално не го објави својот телефон на преклоп. Последните информации сугерираа дека ова би можело да се случи во текот на 2019. година.