Експертите од компанијата McAfее открија дека на интернет повторно беснее најопасниот вирус „Sonvpay.C“, дистрибуиран од Google Play во вид на разни апликации за Android смартфони. Доработената верзија на тројанецот повешто се крие од корисникот, успевајќи да го избегне неговото „фаќање“ од антивирусните програми.

„Sonvpay.C“ влегува во вашиот уред во вид на апликации – фенери, скенери на QR-кодови и каталози за позадини за екранот. По инсталирањето, тројанецот ги испраќа известувањата за потребата за обновување. Ако ја дадете вашата согласност, за возврат добивате платени услуги.

За разлика од претходните верзии на „Sonvpay.C“, новиот вирус не користи SMS, туку претпочита WAP. Оваа услуга овозможува да се оформи претплата за различни услуги на провајдери на содржина, без да се налага испраќање на каква било порака, без да се остават на уредот видливи траги за активностите на сајбер-криминалците.

Кои се 15-те апликации?

Експертите на McAfee нудат листа на 15 заразени апликации, од кои повеќето се преземени од 10 до 50.000 пати. Вкупниот износ на загуби од активноста на хакерите изнесува околу 100.000 долари.

Најчестите жртви се од Казахстан и Малезија.