Човекот кој се искачи на француските Алпи кон крајот на јуни, сними неверојатна но и загрижувачка фотографија.

Како што известува „Индепендент“, планинарот Брајан Местре бил шокиран кога во пределот на Мон Блан открил езеро на околу 3.400 метри надморска височина.

Местре објави фотографија на „Инстаграм“, истакнувајќи дека во тоа подрачје се качил само десет дена откако неговиот колега Паул Тодхунтер се искачил на истото место за кое рекол дека било покриено со снег.

Во периодот помеѓу нивните две качувања се случи еден од најсилните топлински бранови во Европа, кој го погоди и подрачјето каде што двајцата се качија.

И регионот Монблан го собори својот рекорд во тие денови и забележа температура од 9,3 °C.