Автокомпанијата Tesla го зголеми производството на Моделот 3 на 5.000 возила неделно, што претставува рекорд за проблематичната фабрика во близина на Сан Франциско.

Основачот на Tesla, Eлон Маск им задал краен рок на менаџерите во фабриката да направат 5.000 автомобили до крајот на викендот, по што изјави дека Tesla конечно станува вистинска автомобилска фабрика, иако е неизвесно дали компанијата може да го одржи ова темпо на производство.

Уште во јануари Tesla најави дека си поставила цел до средината на годината да почне да произведува по 5.000 автомобили неделно од Модел 3.

Компанијата се уште губи пари, но Маск заклучи дека не смее да ги разочара илјадниците муштерии кои веќе уплатиле за своите возила, а ги чекаат со месеци.

Tesla дури постави нова линија за склопување возила во импровизиран шатор во близина на главната хала.