Астон Мартин ги објави официјалните спецификации на моделот DBS Superleggera кој што ќе биде директен ривал на моќниот Ferrari 812 Superfast.

После фотографиите од тестирањата и шпионските фотографии, конечно се објавени и техничките детали кои што ги потврдуваат гласините – под хаубата, новиот DBS Superleggera ќе има 5,2 литарски twin-turbo V12 мотор од Астон Мартин DB11, но кога станува збор за новиот модел, овој агрегат ќе испорачува 725 коњски сили и 900 Nm максимален обртен момент. Силата се пренесува на задните тркала преку осумстепенски автоматски менувач.

Од британскиот производител соопштија дека DBS Superleggera од 0 до 100 километри на час, новиот DBS Superleggera забрзува за 3,4 секунди, а од 0 до 160 километри на час за 6,4 секунди.

Од Астон Мартин тврдат дека нивниот суперавтомобил има најдобро забрзување во рамките на еден степен од пренос – во четврта брзина DBS Superleggera забрзува од 80 до 160 километри на час за само 4,2 секунди. Максималната брзина на овој автомобил изнесува 340 километри на час.

Само за споредба, главниот ривал на DBS Superleggera, 812 Superfast на италијански Ferrari, исто така може да разиве 340 километри на час, но сепак подобро забрзува – од 0 до 100 километри на час развива за само 2,9 секунди.

812 Superfast користи 6,5 литарски агрегат кој што е атмосферски V12 и развива 800 коњски сили и 718 Nm максимален обртен момент, а силата исто така се пренесува на задните тркала.

Астон Мартин DBS Superleggera во Велика Британија ќе се продава по цена од 225 илјади фунти за основниот модел, што значи дека ќе биде поевтин од ривалот од Маранело чија што почетна цена изнесува 253 илјади фунти.

Извор: B92.net