Глобуларните кластери можат да се до 4 милијарди години помлади отколку што претходно мислевме, откри ново истражување.

Составени од стотици илјади ѕвезди густо собрани на едно место, за глобуларните кластери се сметаше дека се исто толку стари како и самата вселена. Благодарение на новоразвиените истражувачки модели покажано е дека тие можат да се само 9 милијарди години наместо 13 милијарди години.

Ова откритие ги донесува во прашање моменталните теории за тоа на кој начин галаксиите се оформени, вклучувајќи го и Млечниот пат (каде што постојат околу 150-180 кластери), бидејќи претходно се веруваше дека се стари скоро колку и самиот универзум.

Дизајнирани да ја преиспитаат еволуцијата на ѕвездите, новите модели за Бинарни Популации и Спектрална Синтеза (Binary Population and Spectral Synthesis или BPASS) ги земаат деталите за еволуцијата на бинарните ѕвезди во глобуларни кластери во предвид и се користени за истражување на боите на светлината на стари популации на бинарни ѕвезди, исто како и трагите од хемиските елементи во нивниот спектрум.

Еволуционерниот процес разгледува две ѕвезди и нивната интеракција во бинарен систем, каде една ѕвезда постанува џиновска додека гравитациската сила на помалата ѕвезда ја отстранува атмосферата на џиновската ѕвезда (која е составена од водород, хелиум и други елементи во помала мера). Се смета дека овие ѕвезди се формираат во истото време како и самиот глобуларен кластер.

Користејќи ги БПАСС моделите и пресметувајќи ја староста на бинарните ѕвездени системи, истражувачите можеле да демонстрираат дека ѕвезденото јато од кои тие се дел не е толку старо како што покажувале другите модели.

БПАСС моделите, развиени во соработка со д-р Џ. Џ. Елдриџ од Универзитетот на Окленд, претходно се најдоа корисни во истражување на својствата на млади популации во разни средини почнувајќи од нашот Млечен пат па сé до работ на вселената.

Дискутирајки ги БПАСС моделите и нивните откритија, д-р. Елизабет Стенвеј, од Групата по астрономија и астрофизика на Универзитетот на Ворвик, која е главен истражувач на новото откритие изјави:
„Утврдувањето на староста на ѕвездите отсекогаш зависело од споредување на набљудувањата со моделите кои го содржат нашето разбирање за тоа како ѕвездите настануваат и се развиваат. Тоа разбирање се промени со текот на времето, и ние сé повеќе сме свесни за ефектите на повеќе-ѕвездените системи т.е. интеракциите помеѓу ѕвездите и нивните бинарни и терцијални ѕвезди-придружници.”

Д-р Стенвеј сугерира дека откритијата од истражувањата укажуваат кон нови прашања, како на пр. како масивни галаксии и ѕвездите во нив се формирани?

“Важно е да се спомне дека сé уште има многу незавршена работа – поточно гледајќи ги многу поблиските системи каде можеме да разгледаме индивидуални ѕвезди отколку само да ја преиспитуваме интегрираната светлина на јато – но ова сепак е прониклив и интересен резултат.”

“Ако ова е вистинито, ја променува нашата слика за раните фази на еволуција кај галаксиите и каде се родиле ѕвездите кои денес се дел од масивните галаксии како Млечниот пат. Ние целиме да го продолжеме ова истражување во иднината, истражувајќи ги подобрувањата во моделите и видливите предвидувања кои произлегуваат од нив.”

Извор: Astronomija.mk