Работењето од дома изгледа како рај на земјата. Еве неколку од најдобрите работи: патувањето е сведено на минимум, нема расправии околу тоа чиј ред е да направи кафе, и може да си работите по пижами.

Сепак, можете да има проблеми и кога работите од дома. Може ќе ви биде тешко да се справите со очекувањата на клиентите. Дома имате некои ситни рутини и обврски кои можеби ќе ви го одвлекуваат вниманието и кои ќе сакате да ги завршите пред да продолжите со работата која ви ја плаќа клиентот.

Откако работам хонорарно веќе две години, и од студиjата на моите клиенти и од дома, со вас ќе споделам неколку совети со кои може да видите дали работењето од дома може да ви одговара на потребите.

1. Направете си свој простор

Најважниот елемент за секоја креативна работа е да најдете место од каде ќе можете да се посветите на работата. Ако не живеете сами, особено ако живеете со деца, нема да биде решение само ако го ставите вашиот компјутер во дневната соба или кујната, и мислите дека тоа се услови за да работите. Тоа нема да функционира ни за вас, но ниту за луѓето со кои го делите домот.

Во мојот случај, имав среќа што имам една остава надвор од куќата со приклучок за светло, но без греење, па работев таму преку ден, а навечер седнував на работната маса која ми беше поставена настрана од дневната соба. Така можев да работам без да и пречам на сопругата кога таа сакаше да се одмори. Најдете место во вашиот дом кое може да го искористите како работен простор.

2. Дадете му пристап на клиентот

Алатките како Dropbox заедно со брзата интернет конекција може да го направат работењето од дома навистина одлично искуство за секој од инволвираните

Најважните сметки кои јас ги плаќам како хонорарец што работи од дома не се за подобрување на софтвер, или за нови компјутери, туку за неограничен интернет, Dropbox Pro и мојот телефон. Тие ми даваат можност да им бидам на располагање на клиентите преку Skype и да ја споделувам работната околина и екранот.

Моите датотеки на Dropbox ми се групирани по клиент. Потоа ги споделувам со моите клиенти за тие да имаат директен пристап до мојата работа ако имаат потреба.

Овој систем ми функционираше со клиентите од Сохо до Сан Диего, и ми помогна да ги ослободам клиентите од можните грижи дека нема да бидат директно вклучени во работите за кои плаќаат. Dropbox овозможува компјутерите да бидат синхронизирани, што значи дека ако патувам на состанок или сум отсутен од дома, знам дека имам пристап до сите датотеки во облак на секој уред.

3. Бидете дисциплинирани 

Алатките за архивирање како Сrashplan може да ви дадат вам и на вашите клиенти мир кога вашата работа треба да се архивира

Можеби не е нешто што очекувате, но јас сфатив дека е корисно да се спремам за на работа дури и кога работам од дома. Се облекувам во алишта кои ме прават да се чувствувам добро, како кога би работел во студиото на клиентот и секогаш сум на располагање на клиентите од 8.30 часот наутро до 6.00 часот попладне.

Ако немате некоја работа која би ја наплатиле за тој ден, обидете се тоа да не биде причина да се префрлите на телевизорот.

Наместо тоа, бидете си сопствен клиент. Ажурирајте си го веб сајтот, слушнете се со клиентитете кои ги имате или со некои од потенцијалните, потрошете време на работа на себе во формат во кој може тоа да го употребите за публицитет.

Целосниот текст можете да го прочитате на веб-сајтот на Веб Академија Еверест