Повеќе од 3000 Швеѓани во изминатите три години вградиле ситни чипови под кожата, на тој начин “олеснувајќи си” себеси си и оставајќи ги дома личните документи и клучевите.

Чиповите се со големина на зрно ориз, а од 2015. година полека го менуваат секојдневието на обичните луѓе. Иако им звучи како кошмар, посебно на оние луѓе кои не сакаат реални шоуа и задирање во приватноста, за Швеѓаните ова претставува олеснување и побитно им е од потенцијалното кршење на приватноста.

Како што пишуваат медиумите, Шведска е токму една од земјите во кои многу добро се прифаќаат новите технологии, а делењето на лични податоци ги сфаќаат како обележје на “отворено општество”.

Помеѓу 3.000 чипирани Швеѓани е и Улрика Селсинг (28 години). Малиот чип во раката и ги замени картичките за теретана и за влез на работа. Го употребува така што раката ја навалува на скенерот и потоа го внесува кодост за отклучување на вратата.

“Забавно е да се испроба нешто ново и да се види за што се би можело ова да се користи, за да можеме себеси да си го олесниме животот во иднина”, вели Селсинг, која овој чип би можела да го користи и за плаќање билети за воз.

Државната железничка компанија со новата услуга привлече речиси 130 лица. Кондуктерите треба само да ја скенираат раката откако билетот е купен онлајн. Овие чипови користат NFC технологија, како и банкарски картички, а би можеле да носат и податоци за разни влезници, автомати, меѓутоа, тоа се уште се тестира.