Социјалната мрежа Instagram има многу строги правила во однос на тоа што се објавува. Но затоа, тој нејзин критериум или пак можеби за некој друг слабост го искористиле авторите на новата друштвена мрежа со адреса “Buttrcup.com“.
Основачите велат дека “Buttrcup.com“ е социјална мрежа без цензура. Оваа нова социјална мрежа е основана како одговор на движењето “слобода на брадавиците“, односно кампањата “#FreeTheNipple“ којашто била предводена од Лина Еско во 2014 година. На “Buttrcup.com“ корисниците можат да направат профил и да објавуваат фотографии или видеа од било што.
Основачите нагласиле дека тие не се платформа за порнографија, но затоа голотијата овде е дозволена.
“Сексуалноста е универзален и составен дел од нашите животи, а баш такви фотографии не се дозволени на социјалните мрежи, кадешто трошиме најголем дел од своето време“, изјавила Моли Марфи, една од основачите, за магазинот “Paper“.
Извор: Telegraf.rs / Index.hr