Според „Financial Times“, ЕУ ќе започне формална истрага на активностите на Apple откако Spotify ја обвини компанијата за антиконкурентско однесување и злоупотреба на својата доминантна позиција на пазарот. Во март, популарната услуга за стриминг на музика, која веќе има над 100 милиони претплатници, поднесе жалба во ЕУ, во која се наведува дека американската компанија ја користи App Store за да го фаворизира својот предлог – Apple Music.

Во прилог, компанијата прибира 30% од сите дигитални претплати кои се направени преку App Store со нејзиниот платежен систем. Оваа политика влијае на услугите за претплата на компании како Spotify, но не и апликации како што се Uber. На крајот, Европската комисија увидела доволно причини за започнување на антимонополска истрага што ќе биде објавена во рамките на недели.

Ако вината на Apple биде утврдена, тогаш компанијата може да добие казна во вредност до 10% од својот промет на глобално ниво, што значи дека може да и се наметне да плати милијарди. Apple може да избегне плаќање парична казна ако го промени своето однесување. Компанијата одговори на Spotify велејќи дека Швеѓаните користат лажна реторика и со години се потпирале на App Store за драматично проширување на својата корисничка база.