Intel неочекувано објави дека главниот извршен директор и долгогодишен вработен, Брајан Крзанич, ќе се повлече од функцијата. Одлуката влегува во сила и тој ќе престане да врши било каква функција.

Во официјалното соопштение се наведува дека причината за овие промени во менаџерска структура на Intel се испровоцирани од тајна врска, која Крзанич ја одржувал со друг вработен во компанијата. Истрагата за случајот продолжува со целосна сила, се вели во официјалното соопштение.

Однесувањето на извршниот директор е во спротивност со утврдените вредности на Intel и е спротивно на правило кое ги опфаќа сите менаџери и директори на одделот, објави The Verge.

Името на работникот со кого поранешниот шеф на Intel имал лични односи останува тајна за јавноста. Оставката на шефот е едногласно прифатена во контекст на ситуацијата и има за цел да покаже на други вработени на Intel дека правилата мора да ги почитуваат сите, без оглед на позицијата која ја заземаат.

Брајан Крзанич е дел од Intel уште од далечната 1982 година, каде практично го поминал поголемиот дел од својата кариера. Првата менаџерска позиција му е понудена во 1996 година и во последната деценија се избори на неговиот пат до највисоката позицијата во Intel. Откако беше поставен како главен оперативен директор во 2012-та, само една година подоцна ја презема целосната контрола на технолошкиот гигант.

Неговата позиција ќе биде зафатена привремено од Роберт Свон, кој досега беше финансиски директор.