Еден од најголемите светски автомобилски брендови, култното „Порше“, вложил во „Римац Аутомобил“. Римац веднаш открил колку долго траела соработката со „Порше“ и каква вредност има инвестицијата.
– Работевме три години. Всушност, две години работиме, а три разговараме. Во исто време работиме со нив на проекти. Инвестираа 18,7 милиони евра во фирмата – рече Римац
Вели дека „Порше“ добил 10 отсто удел во инвестицијата.
-Не ни беше финансиската корист примарна кај овие инвестиции, туку долгорочната соработка и техничкото партнерство. Ние веќе сега имаме понуди од други инвеститори за многу поголема евалуација од таа на „Порше“, но со нив фокусот е на други работи – вели тој.
На прашањето дали може да открие колку вреди компанијата, тој вели:
-Ако 18,7 милиони е за 10 отсто, тогаш лесно се пресметува.
Со „Порше најмногу ќе работи на погонските системи на електричните автомобили, батерии и автономно возење.
-Тоа е она поле каде што сме најсилни. И „Порше“, како и сите други произведувачи, оди кон електричните возила. „Порше“ е особено наклонет кон спортските автомобили каде што е најсилна нашата конкуренција и на овие полиња заедно ќе работиме. Тоа значи дека ние ќе им помагаме во развивањето на нови автомобили, а тие ќе ни помагаат во достигнувањето на големо сериско производство – открива Римац.
-За жал, Хрватска во последните 25 години не привлекла ниту една автомобилска компанија. Ние како мала компанија успеавме да привлечеме. Тоа дефинитивно не е последно што ќе го правиме со „Порше“ и со многу други произведувачи. Мислам дека целосно ја променивме перцепцијата за Хрватска кога станува збор за автомобилската индустрија, и создадовме име – вели Римац.
Тој споменува и други инвеститори.
-Се шириме со огромна брзина. И понатаму мислиме дека сме на почеток на нашиот пат, имаме уште многу планови, а за тоа ќе ни биде потребен доста капитал – заклучува тој.
Целото интервју со Римац можете да го прочитате ТУКА.
Извор: Vecernji List
Поврзани артикли