Оваа некогаш ветувачка технологија во последно време прилично се мачеше. Се чини дека дојде до дното бидејќи креаторот на Adobe конечно го прифати фактот дека на кариерата на Flash и дојде крајот. Стив Џобс тоа го превиде уште пред седум години…

Овие вести се поважни во контекст на историјата на технологијата, бидејчи сите корисници на кои не им требаше Flash, веќе некое време не го ни користат. Уште повеќе, луѓето пробуваат во целост да го избегнат. Во Adobe сфатија дека времето на Flash истече, па одлучија да го пензионираат по 2020 година. Со тоа е завршена големата битка во која Стив Џобс одигра голема улога.

Flash се роди пред повеќе од 20 години, а своевремено беше многу успешен. Кога Adobe во 2005 година ја купи оваа технологија од Macromedia, компанијата објави податоци дека 98 отсто од корисниците имаат инсталиран Flash. Програмерите го користеа за изработка на игри, програми за репродукција на видео и апликации кои функционираа на поголем дел од интернет прегледниците.

Тогаш Apple одеднаш одлучи дека iPhone во 2010. година ќе ја укине поддршката за Flash, со што почна неговото болно патување кон пензија. Секако, тогашната одлука на Apple беше идентично контроверзна. На критичарите не им беше јасно зошто некој би сакал да отстрани така раширена технологија од своите уреди. Меѓутоа, Џобс имаше свои причини.

Напиша отворено писмо во 2010 година, во која детално објасни зошто Flash го смета лош.

Flash настана во текот на ерата на персонални компјутери – и тоа за компјутерите и глувчињата. Flash е успешен проект на Adobe и јасно ни е зошто сакаат да го прошират подалеку од PC. Но, мобилната ера е обележана со уреди со послабо напојување, touch интерфејс и отворени интернет стандарди – сите подрачја на кои Flash потфрли.

Новите отворени стандарди создадени во текот на мобилната ера, како HTML 5 ќе однесат победа на мобилните уреди (но и кај персоналните компјутери). Можеби Adobe би требало да се посвети на создавање на што подобри алатки за HTML 5, а помалку да ги критикува Apple, и конечно да го остави минатото зад себе.

Flash веќе некое време е на неизбежно патување во пропаст, а сега конечно и во Adobe потврдија дека мораат да се насочат на post-Flash проект. Компанијата сигурно ќе ја пензионира самата технологија до 2020. година, со што официјално ќе дојде крај на една ера. Но, тогаш конечно ќе имаме прилика да развиеме нова и подобра технологија и така да зачекориме во ново поглавје.