Бура составена од минијатурни честички прашина ја зафати речиси целата површина на Марс. Oportunity роверот на НАСА ги суспендира научните истражувања и во стендбај состојба чека бурата да помине. Но, после неколку недели бурата не само што не помина туку се прошири низ целата планета.Прашината не се очекува да му нанесe физичка штета на роверот, единствено што му штети е тоа што ги спречува сончевите зраци да ги полнат батериите.
Роверот покрај тоа што е напојуван од сончева светлина, исто така има и мини нуклеарен реактор (нуклеарна-батерија) кој што му ги одржува основните функции и кога нема пристап до сончева светлина.
Роверот заедно со флотата од вселенски летала во орбитата на Марс ќе им дозволи на научниците да соберат доволно информации за да разберат што е тоа што ги прави овие бури од локални да настанат глобални.