Далеку од џунглата на Сао Паоло во Бразил, убава вила со соларна енергија имплементирана и приифатена од природата е сместена во бујно зеленило. Бразилското артитектско студио, Studio MK27 ја создаде неверојатната куќа наречена Planar House за едно семејство со три деца. И покрај прилично пространата големина од над 1000 квадратни метри, оваа куќа создава чувство на олеснување благодарение на својот рамен, зелен покрив кој изгледа како да лета над пејзажот.

Покриен со зелен покрив, куќата се спои со околните тревни ридови. Зградата била изградена речиси целосно со армиран бетон. Елегантните метални столбови од двете страни на домот ја држат покривната бетонска плоча, а самата куќа се состои од пет спални со посебни бањи, простории за персоналот, кујна, детска соба и пространа дневна соба и трпезарија, при што затворениот и отворениот простор се соединуваат во едно благодарение на лизгачките стаклени врати. Сончевите колектори обезбедуваат топла вода за целото семејство.