Google од вчера и официјално во Европа ја стартуваше својата музичка стриминг услуга, сервисот YouTube Music. Како директна конкуренција на сличните услуги Spotify, Deezer и Apple Music, Google ќе се обиде да го освои музичкиот пазар на Стариот континент.
Услугата, која може да се користи од 22 мај во САД, Австралија и Нов Зеланд, Мексико и Јужна Кореја, веќе е достапна и во Франција, Шпанија, Германија, Италија и Велика Британија, соопшти компанијата.
По цена од 9,99 евра месечно YouTube Music Premium нуди интерфејс сличен на оној на конкурентите со огромен избор плејлисти, лични препораки и огромен каталог со албуми и песни. YouTube додаде и огромна понуда на музички спотови и видеа од концерти на познати и понепознати изведувачи, кои можат да се гледаат без реклами.
Според последните статистички анализи, 85% од корисниците на YouTube ја користат платформата само за да слушаат бесплатна музика
Поврзани артикли