Најбрзиот човек на сите времиња Јусеин Болт влегува во бизнисот на електричните автомобили. Како што коментираат медиумите, Болт можеби нема да произведува најбрзи, но барем ќе прави најпрактични автомобили.

Името на серијата е Bolt Nano. Претставена е во Париз и пристигнува откако Болт ја претстави својата линија електрични скутери и ромобили.

Техничките податоци засега се тајна, а единствено е познато дека батериите лесно ќе се менуваат, како и дека стартната цена ќе биде 9.999 американски долари.