Познатиот производител на заштитни маски, Olixar само што објави разочарувачки вести за оние кои ја очекуваа најмалата варијанта на годинашниот iPhone. Претходните месеци имаше доста гласини, па дури и рендери базирани врз основа на шемите на iPhone SE 2, но најновите информации сугерираат дека телефонот нема да го видиме поскоро време, а можеби воопшто нема да биде ни објавен.
Производителот на заштитни маски има воглавно прецизни информации од овој тип, така што постои добра причина да му се верува. Од Olixar дури и пристигнаа првите детални рендери на iPhone SE 2 моделот. Овие информации секако ќе разочараат многумина кои и натаму ги преферираат помалите телефони и контрола на уредот со една рака.
Според наводите на изворот, причината поради која Apple се фокусира на поголемите 6,1-инчни и 6,5-инчни модели е што првиот ќе биде буџетски ориентиран, додека вториот ќе биде поголем и со премиум хардвер и Face ID 2.0 поддршка.
Останува да се види дали можеби iPhone SE 2 ќе дебитира по објавата на премиум моделите, во некој период во текот на 2019. година или Apple одлучил во целост да го укина 4-инчниот модел.
Поврзани артикли