Huawei го претстави новиот паметен телефон Huawei Y9a, кој се покренува со чипот Helio G80 на MediaTek. Чипот е поврзан со 8GB RAM и 128GB UFS 2.1 простор за складирање, а телефонот има и слот за NM картичка за проширување на меморијата. Уредот работи со Android 10 со ЕMUI 10.1 корисничкиот интерфејс на Huawei, а смартфонот нема поддршка за услугите на Google.

Од предната страна, Huawei Y9a има 6,63-инчен IPS LCD екран со резолуција од 1080 x 2400 пиксели. Интересно е тоа што Huawei одлучи да го испорача овој телефон без никакви засеци на екранот. Но, ако мислевте дека камерата е под екранот, се лажете. Станува збор за pop-up селфи камера, која своевремено беше многу популарна, и ова е интересен избор на Huawei. Предната камера има сензор од 16 MP со отвор на бленда од f / 2.2. Десната рамка на телефонот содржи скенер за отпечатоци и копче за јачина на звук.

Од задната страна, телефонот има кружен модул во кој се сместени четири сензори за камерата – главен сензор од 64 MP, ултраширок сензор од 8MP со видно поле од 120 степени, макро сензор од 2MP и сензор за длабочина од 2MP. Huawei наведува дека телефонот може да се пофали со функцијата Super Night Mode, поддршка за EIS и 1080p снимање.

За автономијата на телефонот е задолжена батеријата од 4300 mAh со поддршка за брзо полнење од 40W. Меѓу останатите карактеристики ќе споменеме дека телефонот има 3,5 милиметарски приклучок за слушалки.

Смартфонот е претставен во Јужноафриканската Република по цена од околу 420 долари. Уредот пристигнува на Блискиот Исток и Централна Азија, додека не се знае дали ќе пристигне на Стариот континент.