Претходно беше навестено дека Redmi K50 ќе пристигне во февруари 2022 година, а денес ја имаме официјалната потврда од компанијата. Брендот објави тизер постер на Weibo, откривајќи дека серијата ќе пристигне „следниот месец“, без да го открие точниот ден. Pro моделот ќе има брзо полнење од 120W, како и веќе очекуваниот Snapdragon 8 Gen 1.

Батеријата на Redmi K50 Pro ќе има капацитет од 4.700 mAh, која ќе се полни од 0 до 100% за 17 минути, тврди брендот во својата објава. Тоа е истиот стандард од 120W како кај Redmi Note 11 Pro+ и некои телефони под брендот Xiaomi, а сега доаѓа и во К линијата.

Redmi тврди дека новиот K50 Pro ќе има двојна комора за пареа, за двојно посилна дисипација на топлина со оладена течност со супер голема површина, па оттука и замрзнатата естетика на постерот погоре. Тоа ќе биде „најстудениот телефон со Snapdragon 8 Gen 1“, вели Xiaomi.