Microsoft не се откажува од идејата да продолжи да развива хардвер и веќе напорно работи на следниот таблет од висока класа. Претстојниот уред е со кодно име „Carmel“, но се очекува да дебитира на пазарот како Surface Pro 6. Официјална премиера најверојатно ќе се случи во првата половина на 2019 година. Компанијата сака да ги изненади корисниците со целосно различен дизајн и ултратенки големини. Новиот модел, исто така, ќе продолжи да работи со Surface Connector.
Високите перформанси ќе ги обезбеди Intel процесор од деветтата генерација, а Surface Pro 6 ќе има и USB Type-C конектор, информира The Verge. Се уште не се знаат информациите за другите технички спецификации на уредот што ќе работи со Windows 10 Pro. Според податоците, Microsoft подготву премиерата на уште еден таблет, кој ќе биде позициониран во нискиот ценовен сегмент. Тој ќе биде презентиран до крајот на летото.
Компанијата планира да продаде две верзии на моделот што ќе можат да се користат со дополнително пенкалце. Кодните имиња на уредите се „Lex“ и „Libra“. Екраните ќе имаат големина од 10 инчи, а батеријата ќе обезбедува до 9,5 часа време работа со едно полнење. Новите модели ќе чинат околу 400 долари и ќе работат на Intel Kaby Lake процесори. Нивните димензии би требало да бидат 20 проценти помали во споредба со сегашната генерација на Microsoft Surface.
Извор: The Verge
Поврзани артикли