Huawei P20 и P20 Pro беа објавени кон крајот на март, а продажбата на уреди започна наскоро потоа. Два месеци подоцна, кинеската компанија објави дека продала 6 милиони уреди, но сé уште не е јасно од кој модел колку се продадени.

Од „Pocket-lint“ споделија информација, од која станува јасно дека продажбите на серијата се за 81% поголеми од P10 за истиот период.

Севкупно, ова е одлично достигнување на Huawei, ако се знае дека уредите не се присутни во предлозите на американските оператори.

Инаку, двата телефони прават голем чекор напред во однос на нивните претходници – P20 е способен и компактен, а P20 Pro се обидува да ја смени мобилната фотографија со својата тројна камера и вештачката интелигенција.

Уредите покажаа дека компанијата не се плаши да експериментира, а во наредните месеци ќе станува се поголема закана за Samsung и Apple.