НАСА изјави дека Oportunity роверот на Марс кој со години ја истражува црвената планета не е мртов, туку моментално е во фаза на длабок сон додека чека масовната песочна бура на Марс да помине.  Според НАСА роверот најверојатно ќе се разбуди сам, кога бурата ќе заврши.

Бурата која на 30. мај беше забележана како многу мала до 12. јуни успеа да покрие четвртина од планетата.

Бидејќи многу малку светлина допира до сончевите панели на роверот, Oportunity автомаски се стави во фаза на ниска енергија која само го одржува неговиот внатрешен часовник. Кога бурата ќе помине батериите ќе се наполнат и роверот ќе продолжи со неговата мисија.

НАСА од 10. јуни изгуби секаков тип на комуникација со роверот и не очекува да ја добие назад додека бурата не помине.

“Летото на Марс само што започнува така што роверот би требало да остани доволно топол за да преживее подолго време во ова фаза,” рече проект менаџерот на Oportunity, Џон Калас.