Кинескиот производител на смартфони Xiaomi објави нето загуба од 7 милијарди јуани (1.09 милијарди долари) за првиот квартал. Веста доаѓа во пресрет на иницијалната јавна понуда на компанијата, објави Ројтерс.

За споредба, Xiaomi генерираше загуба од 43,89 милијарди јуани за целата 2017 година, според нацртот на нивниот проспект.

Како се исклучат еднократните ставки, Xiaomi има генерирана нето добивка од 1,04 милијарди јуани за првиот квартал, наспроти 3,9 милијарди јуани за целата 2017-та година.

Продажбата на смартфони на компанијата скокнаа со 88 отсто благодарение на силниот раст во странство, со што помогна приходите на Xiaomi да нараснат до 34 милијарди јуани (5,3 милијарди долари) за периодот. Минатата година достигна 114.6 милијарди јуани.

Од Xiaomi не открија точно каква цел имаа за ИПО-то, ниту бројот на акции кои ќе понудени.

Очекувањата се компанијата да собере околу 10 милијарди долари од ИПО-то во Хонг Конг, кое има потенцијал да е најголемото во светот по речиси четири години, тврдат извори.

До 30% од акциите се очекува да бидат продадени како кинески депозитарни сметки во копнена Кина, додаваат извори.