Lumia 950 и 950 XL телефоните беа претставени од Microsoft уште во октомври 2015, како најдобри најнови телефони на компанијата од Редмонд. Сепак, двата модела многу брзо дојдоа во фокус по нешто што не беше пожелно, воглавно поради грешките и недостатокот на интерес на корисниците за мобилната платформа на Microsoft.

Необјавено видео кое сега во јавност го пушти WindowsCentral покажува дека Lumia 950 i 950 XL требало да бидат голем адут во мобилното работење, помагајќи му на Microsoft да го зголеми уделот на Windows Phone платформата и да привлече повеќе купувачи. Веројатно најинтересниот дел се однесува на пенкалцето.

Microsoft тоа одамна сакаше да го направи кај некој од моделите на Lumia, а како прв таков се испостави Lumia 950 XL. Втората функција која никогаш не стигна на пазарот е Smart Cover, а видеото на крајот ја покажува и Active Sides, функција што ја видовме само кај моделот Lumia McLaren, што никогаш не беше објавен.