Facebook објави дека отвора нова секција наречена „Memories“, во која ќе ги гледате старите активности во социјалната мрежа. Ова е многу слично со веќе постоечката „On this day“. Поинакво кај спомените ќе бидат новите секции, вклучувајќи ја и онаа во која се појавуваат луѓето, со кои сте станале пријатели на тој датум.

Исто така, ќе има „резимеа“ на месецот, како и на целата сезона, како и спомените што не сте ги виделе во текот на минатата недела. Опцијата не е којзнае што, но компанијата се надева дека ќе донесе повеќе позитивни емоции кај луѓето.

Откако беше пуштена „On this day“, Facebook се обидува да ја направи секцијата совршена. Односно, корисниците да можат да видат само пријатни спомени. Но, како функционира тоа? Корисниците можат да блокираат некои луѓе, датуми и „приказни“. На овој начин тие никогаш нема да се појават во нивните „спомени“.

https://www.facebook.com/facebook/videos/10157437037086729/

А ако не ги извршите овие активности, Facebook има и автоматски систем за блокирање на некои спомени. Тој се базира на некои клучни зборови и на начинот на кој луѓето реагираат на самиот статус или фотографија. Односно пример ако на даден спомен има многу „тажни“ реакции, Facebook автоматски го исфрла од делот Memories.

Другата цел на функцијата  е  да  се  фокусирате  на  фотографии,  мислења  или  видео  клипови  што  сте  ги заборавиле и кои неодамна сте ги провериле на Facebook. Посебен дел  ќе  покаже  што нашите  пријатели на социјални мрежи  поставиле и објавиле,  на истиот ден што го бараме. Memories сега се шири на глобално ниво, што ќе се случи во неколку фази. Ова значи дека мора да се стрпите пред да ја видите содржината што ви ја нуди функцијата.

Извор: Facebook