Програмерите на апликации, кои би сакале да заработат од трендот со криповалутите ќе мораат да ги прескокнат уредите на Apple.

Компанијата во најновата полиса за приватност имплементираше правило со кое се забранува „рударење“ на криптовалути на iPhone или iPad уредите.

Ажурираните упатства на App Store, ставаат јасно до знаење во Hardware Compatibility секцијата дека било која и сите апликации, „вклучувајќи ги и екстерните рeклами кои се имплементираат во апликациите, не смеат да стартуваат процеси во позадина, како што е „копање“ на криптовалути.

Новото правило појаснува дека апликациите може да имплеметираат складирање на дигитални валути, но ова мора да биде понудено од страна на програмерите кои се класифицирани како организација. Апликацијата не може директно да „копа“ криптовалути, освен ако тоа „копање“ не се извршува во „cloud“ или некој друг начин надвор од уредот.

Apple истакна дека нема да дозволи ресурсите на компаниите за мобилни уреди да се користат за „копање“ на дигитални валути. Компанијата исто така го истакна правилото дека сите аплиакции, кои имаат врска со криптовалутите, не смеат да нудат дигитални валути на корисниците за комплетирање на задачите, како што е превземање на другите апликации, поттикнувајќи други да превземаат апликации и да поставуваување на друштвените мрежи.