Корејскиот производител на Саемот за автомобили во Бусан го претстави концептот наречен “HDC 2 Grandmaster” како најава за идниот голем SUV модел на Hyundai.

Hyundai Grandmaster во продукциската варијанта ќе ја заземе позицијата над SUV моделот Santa Fe и практично го претставува духовниот наследник на моделот “ix55/Veracruz” кој што не се произведува од 2012. година.

Се шпекулира дека новиот SUV на Hyundai би можел да ја има и ознаката Palisade со оглед на тоа што корејскиот автомобилски гигант неодамна го заштитил тоа име.

Покрај тоа, концептот Grandmaster покажува во која насока во иднина ќе се развива дизајнот на автомобилите на Hyundai.

SUV концептот кој што е претставен во Бусан има футуристички изглед со масивна, хромирана предна маска, предни и задни светла со LED технологија и големи тркала.

Од Hyundai не објавија технички детали за концептот, но продукциската верзија, покрај конвенционалните, би требало да пристгне и со агрегат на алтернативен погон, без разлика дали ќе станува збор за хибриден погонски сисем или целосна електрификација.