Извршниот директор на Google вчера го објави новиот манифест за вештачката интелигенција. Учењето на машините и вештачката интелигенција претставуваат сериозна морална ситуација. Google признава дека вештачката интелигенција може да надмине сериозни проблеми, да спасува животи во многу ситуации, но согледува дека употребата на вештачката интелигенција подигнува прашања и загриженост. За да се надминат ваквите ситуации, Google воспоставува 7 принципи според кои ќе бидат водени во понатамошниот развој.
- Социјална корист
- Избегнување на креирање или зајакнување на пристрасности кои не се фер
- Да бидат креирани и тестирани за безбедно користење
- Да бидат одговорни пред луѓето
- Да имаат вклучени принципи за приватност
- Високи стандарди на научна вредност
- Достапност за употреби според следните фактори (која е примарната употреба, дали е уникатен производ, дали ќе има значаен импакт, која ќе биде вклученоста на Google?)
Од Google разбираат дека при користењето на нова технологија, може да дојде до разни штети како штетата на разни интереси кои се оштетени со воведувањето на нова технологија, штетата за девалвирани економии или групи, штети од грешки во надзор, и неизбежни и генерално непредвидени “штети” кои произлегуваат од неочекувана употреба. Да се верува поинаку би било кратковидно, а единственото ублажување на сите штети би било да се избегне потрагата по нови технологии, како што е АИ во целост.
Покрај новите правила, Google воспоставува сет на случаи во кои нема да биде вклучен: технологии кои можат да направат глобална штета (вклучувајќи оружје), технологии кои овозможуваат надзор кој е надвор од прифатените норми, како и било каква општа повреда на начелата на меѓународното право и човечките права. Google најави дека и понатаму ќе се врши измена на ваквите стандарди, бидејќи не може да се очекува на самиот старт да се постават сите граници