Роверот Perseverance пристигна на Марс пред десет месеци, а веќе пристигнаа изненадувачки откритија.

Според најновите собрани податоци, коритото по кое се вози роверот откако пристигна на Марс се состои од течна лава, што е сосема неочекувано, велат научниците. Претходно почвата се сметаше за седиментна, пишува CNN.

Карпите кои досега ги собра Perseverance исто така покажуваат дека повеќе пати биле во контакт со вода, а некои од нив вклучуваат и органски молекули.

Овие откритија би можеле да им помогнат на научниците да создадат низа од настани кои се случиле на Кратерското езеро, што е клучно за разбирање на Марс.

„Почнавме да очајуваме дека никогаш нема да најдеме одговор“, рече Кен Фари, научник од California Institute of Technology кој работи на проектот.

Ситуацијата се промени кога роверот употреби дупчалка за собирање примероци.

„Кристалите собрани во камењата се доказ кој ни требаше“, вели научникот.

Perseverance тргна на мисија опремен со мноштво софистицирани инструменти кои можат да анализираат примероци од камен и на тој начин да дознаат повеќе за нивниот состав и содржината на минералите.

Досега се собрани четири вакви примероци од камен, а планирано е да се соберат 37.

Извор: Index.hr