Најважно е да се креираат лозинки кои хакерите нема да можат лесно да ги пробијат.

Најчестите лозинки во светот содржат комбинација од смислени зборови и бројки, а токму таквите лозинки им се омилени на хакерите. Кога станува збор за промена на лозинките на социјалните мрежи, многумина од нас се одлучуваат за едноставнo решение – ја менуваат бројката покрај зборот.

Ако и вие имате лозинка од овој тип, на пример „супермен1234“, тогаш вие сте најлесна жртва на хакерите.

Информатичарот Генг Ванг врз основа на 61 милион анонимни лозинки од интернет дојде до податоци кои би можеле да ве поттикнат да ја промените лозинката. Ванг заклучи дека постојат околу 16 милиони парови лозинки кои се создадени една од друга, бидејќи содржат ист збор и поинаков број.

Многу луѓе се одлучуваат за „комплицирани“ лозинки, на тој начин што прават комбинација на бројки и букви, но и тие лозинки можат да бидат многу лесно пробиени.

Пример за такви лозинки се „1q3w34r“ или „1qay2wsx3edc“.

Според истражувањето на Ванг, во креирањето на лозинките луѓето често користат емоции, па така околу милион луѓе во светот ја користат лозинката „iloveyou“. Исто така, стотици илјади луѓе за различни социјални мрежи имаат исти лозинки.

Меѓу најпопуларните лозинки влегуваат и славни брендови, од типот на Coca-Cola, Playboу, но и филмски херои.

Ливерпул, Манчестер, Челзи, Барселона и Арсенал се исто така лозинки на стотици илјади луѓе ширум светот.