Microsoft откри необични факти за Windows 10 на прес-конференција во рамките на настанот за програмери – Windows Insider Dev Tour. Податоците покажуваат дека оперативниот систем е веќе инсталиран на над 700 милиони активни уреди.
Пред околу еден месец, компанијата соопшти дека бројот на активни уреди со Windows 10 е „речиси“ 700 милиони. Сега оваа бариера е надмината. Сегашната платформа дојде на пазарот пред три години, а Microsoft предвидува дека до две или три години инсталациите на Windows 10 ќе достигнат една милијарда долари.
Вкупно, корисниците на Windows 10 уреди потрошиле повеќе од 197 милијарди часа на системот, покажуваат официјалните статистики. Во деловниот сегмент, употребата на Windows 10 е зголемена за 84% во една година. Гласовниот аасистент Cortana пак се користи од над 150 милиони луѓе во 13 земји.
Во меѓувреме, за првпат во 43-годишната историја на Microsoft, акциите на компанијата надминаа 100 долари – ова се случи кон крајот на минатата недела. Пазарната капитализација на Microsoft веќе изнесува 774 милијарди долари, а компанијата е еден од кандидатите за надминување на бариерата од 1 трилион долари.
Поврзани артикли