Сајбер бандите минатата година заработиле 40 отсто помалку пари од откуп во споредба со 2021 година, јавува Би-Би-Си.

Експертите за криптовалути од фирмата Chainalysis тврдат дека сајбер бандите изнудиле најмалку 457 милиони долари од жртвите на нивните сајбер напади во 2022 година, што е за 311 милиони долари помалку отколку во 2021 година.

Точните бројки се веројатно поголеми, но експертите се согласуваат дека сè помалку жртви на сајбер напади избираат да платат откуп. И покрај тоа, бројот на напади се зголемува.

Компаниите, владите, училиштата, па дури и болниците често се мета на хакери кои бараат откуп откако ќе ги заклучат нивните ИТ системи. Тие најмногу бараат откуп за плаќање во Биткоин.

Исто така, хакерите често се закануваат дека ќе ги објават или продадат украдените податоци доколку не ја добијат бараната сума.

Се верува дека сајбер банди оперираат главно од Русија, но руските власти ги отфрлаат наводите.