Компанијата „Сингапур ерлајнс“ во октомври ќе го воведе најдолгиот комерцијален лет во светот кој ќе трае 18 часа и 45 минути. Станува збор за летот од Сингапур до Њујорк. Моменталниот рекорд го држи „Катар ервејс“ со летот од Окленд во Нов Зеланд до Доха во Катар кој трае 17 часа и 40 минути.

Компанијата за оваа потреба нарачала седум нови авиони „ербас А350-900 УЛР“. Авионите се наменети за 161 патник, 67 во бизнис класата и 94 во економска класа.

„Сингапур ерлајнс“ имаше слична рута од 2004 до 2013 година, но не ги донесе очекуваните приходи и затоа ја укина.