Јапонскиот производител на автомобили Toyota Motor Co. објави зголемување на продажбата на нови возила за 10,1% за 2021 година, со што го компанијата го повторила минатогодишниот успех крунисан со неофицијалната титула најголем светски производител на автомобили. Овој пат Toyota разликата во однос на  второпласираниот Volkswagen е уште поголема

Азискиот производител во 2021 година продал вкупно 10,5 милиони возила, а таа бројка ја вклучува и продажбата фактурирана од подружниците на Daihatsu Motors и Hino Motors.

За успехот на јапонскиот гигант најдобро говорат податоците кои откриваат дека во истиот период Volkswagen испорачал само 8,9 милиони возила или за 5% помалку од 2020 година. Воедно, тој скор е и најлошиот резултат на германската компанија во последната деценија.

Производителите генерално беа принудени да го намалат обемот на производство во 2021 година, бидејќи не можеа да набават доволно полупроводници и чипови, поради прекинот во синџирот на снабдување кој започна како резултат на пандемијата со корона вирус. Во тоа време, производителите на автомобили лакомо ги откажаа нарачките за електронски компоненти, кои со раширени раце ги дочекаа претставниците на другите индустрии, оставајќи ја автомобилската индустрија без доволно потребни компоненти во периодот потоа.

Сепак, очигледно е дека Јапонците се справиле многу подобро од повеќето други производители, истакнувајќи дека предметната криза помалку ја погодила Јапонија и некои други азиски земји.

Тојота на 9 февруари ќе ги објави финансиските резултати од последниот комплетиран квартал (за нив трет по ред), но се чини дека нема да успее да ја постигне целта кон која се стремеле на ниво на фискалната година, поради корона вирусот и сите придружни последици. Инаку, производствената цел за деловната година беше на ниво од девет милиони возила, а деловната година во Јапонија трае од 1 април до 31 март.