Facebook објави дека наскоро ќе ја згасне контроверзната “трендинг” секција, која прв прат пристигна на платформата во 2014. година. Трендинг беше објавен како начин на кој корисниците можат да откријат популарни нови теми на социјалната мрежа.

Трендинг темите често се критикувани, а причина за ова е што неретко ги покриваат областите како теорија на завера, измама и други лажни вести. Facebook исто така е обвинет и за намерно забранување на приказни кои ги објавуваат конзервативните публикации.

Оваа опција на трендинг вести им беше достапна на корисниците во пет земји и од кликовите, медиумските куќи имаа дел од заработка од 1,5 проценти.

Моментно компанијата тестира други начини на “доставување” на популарни, најнови, но и други категории, какви што се на пример локалните вести.

Официјалните лица на компанијата истакнуваат дека низ истражување е откриено дека корисниците се помалку гледале на “Трендинг” како на корисен производ. Како таков, сервисот ќе биде отстранет од Facebook уште наредната недела. Производите и екстерните партнерски интеграции, кои се потпираат на Trend API, исто така ќе бидат отстранети.

Facebook истакна дека не се откаува од мисијата корисниците да ги информира за најбитните вести. Социјалната мрежа го тестира “breaking news” сегментот со преку 80 издавачи ширум светот, а тука е и доделената секција “Today In” за локални вести, како и некои други сервиси.